31.08.2022

...

ВО ПРЕСРЕТ НА ЕВРОБАСКЕТОТ 2022 – ГРУПА Д: „Човекот што ги сака коњите“ зазема централно место во Прага

МВП на регуларната сезона во НБА лигата е во градот, и тоа е најголемото шоу во цела Чешка во моментов. Никола Јокиќ и Србија се очигледни фаворити во групата „Д“ на ФИБА Евробаскет 2022 година.

Сепак, Србија нема да се задоволи со победа во групата. Тие сакаат да ја добијат „целата работа“ и во Берлин. За да стигнат таму, ќе ги чека солиден тест од страна на домаќините, и покрај проблемите со повредите на Томаш Саторански, Јокиќ и колегите ќе се соочат со уште една европска НБА ѕвезда- Лаури Марканен и неговите соиграчи од Финска.

Полска ќе се обиде да се врати од разочарувањето од квалификациите за Светското првенство, додека Холандија се надева дека ѕвездите би можеле да се усогласат за да се пласираат во следната фаза.

Израел би можел да биде „икс факторот“ на овој собир во главниот град на Чешка, Дени Авдија и Јам Мадар се младите „еден-два удар“ на Израел, повторно обединети по нивните „младински денови“.

 

ГРУПА „Д“ - АКТУЕЛЕН ФИБА РАНКИНГ:

6 (свет) СРБ Србија 4 (Европа)  664.8

12 (свет) ЧЕШ Чешка 9 (Европа) 577.3

13 (свет) ПОЛ Полска 10 (Европа) 560.6

35 (свет) ФИН Финска 17 (Европа) 314.7

42 (свет) ИЗР Израел 20 (Европа) 262.2

47 (свет) ХОЛ Холандија 25 (Европа) 230.9

 

ТИМ КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ПОБЕДИ: Србија

Второпласираните на Олимписките игри во Рио 2016, второпласираните на Светското првенство во  2014 година, селекцијата на Србија сака да го направи последниот чекор во оваа, 2022 година. Тие сакаат да го вратат победничкото чувство на напуштање на турнирот со триумф на последниот натпреварувачки ден.

Не е само Никола Јокиќ на кој треба да се фокусираат другите тимови. Василије Мичиќ, најкорисниот во Евролигата и МВП на „Фајнл-форот“, ќе ја предводи играта, а остатокот од тимот е совршено избалансиран со играчи од прво европско ниво.

Како најголема логистика, на клупата е човекот на кој му „снемува недвижен имот“ за сите негови трофеи. Светислав Пешиќ, кој штотуку наполни 73. години, го освои својот прв голем меѓународен, златен, медал во 1985 година. Беше толку одамна што можете да најдете играчи родени подоцна од тоа, кои веќе се во пензија.

Најдобриот дел е што тој веќе знае како да крене трофеј во Германија. Тој го освои ФИБА Евробаскет 1993 година со домаќинот, во еден од најголемите успеси во историјата. Сега, 29 години подоцна, би било вознемирувачки ако не ја видиме Србија на подиумот.

 

ИГРАЧ НА КОЈ ТРЕБА ДА МУ СЕ ОБРНЕ ВНИМАНИЕ: Никола Јокиќ

Повеќето љубители на кошарката го имаат ова сеќавање на уморниот Никола Јокиќ во српскиот дрес во 2019 година, кој не можеше да доминира на Светското првенство во Кина како што сите го замислуваа, со него, СО Богдан Богдановиќ, Никола Милутинов и другите.

Но, оттогаш „помина цел живот“... Јокиќ сега е сертифицирана суперѕвезда, еден од само 13. момци во историјата на кошарката што ја освојувале МВП наградата во НБА лигата во последователни сезони. А неговата верзија за репрезентацијата за 2022 година изгледа едноставно незапирлива.

Тој е МВП, штотуку го потпиша најголемиот НБА договор досега, а искачувањето на највисокото скалило на подиумот на ФИБА Евробаскет 2022 би изгледало како соодветен начин да се затвори летото.