Групата „А“ на Светскиот Куп 2023 нуди одредена интригантна динамика бидејќи вклучува главен фаворит (Италија), како и тим кој може да се закани на некои поголеми имиња (Доминиканска Република), плус и еден од домаќините (Филипини) и една африканска селекција во транзиција (Ангола).
Со само две селекции кои поминуваат во второто коло, се чини дека прашањето за групата „А“ е, кој ќе ѝ се придружи на Италија за да оди напред.
Фаворит: Италија
Италија оди на првенството како фаворит во групата „А“, благодарение на силната мешавина на ветерани и млади врвни таленти. Луиџи Датоме, Николо Мели, Акиле Полонара, Џампаоло Ричи и Стефано Тонут играа(т) заедно долги години, а пред извесно време им се придружија Симоне Фонтекио и Марко Спису, кои станаа вистински лидери.
Габриеле Процида и Матео Спањоло во меѓувреме изгледаат спремни да станат идниот столб на националниот тим. Тимот игра и цврста одбрана - поттикнат од неговиот енергичен тренер Џанмарко Поцеко.
Тие, исто така, веројатно се во врвна форма, откако досега победија на шест подготвителни натпревари вклучително против тимови како Србија, Грција и Бразил.
Аутсајдер: Ангола
Ангола одамна стана редовен на Светското првенство, но се бореше да „излезе“ од првото коло. Работите нема да бидат полесни ниту овојпат, со силен тим на Италија, ништо полесната Доминиканска Република, а да не ги спомнуваме домаќините Филипини, со огромна поддршка од публиката.
Друг главен фактор е дека Африканците изгубија толку многу од нивните ветерани лидери од минатите врвни натпреварувања. Пет играчи на возраст од 33 или повеќе години, играа за Ангола на последното Светско првенство и на крајот одиграа вкупно 77 натпревари на турнирите во текот на нивните кариери.
Прашањето е како ќе се замени тоа искуство?
Потоа, тука е проблемот со „големината“ за Ангола на плејмејкерската позиција на која го имаат Чајлде Дундао кој има само 167 сантиметри, а Герсон Домингос е нешто „повисок“, само 178 сантиметри. Дали нивната брзина и вештина ќе бидат доволни за да се надомести тој недостаток?
Главниот натпревар: Доминиканска Република против Филипини
Навивачите ќе се обидат да им дадат голем поттик на домаќинот Филипини во нивниот клучен воведен натпревар
Домаќините Филипини имаат големи прашалници околу тимот, но тие навистина немаат многу време да работат на ова првенство. Тоа е затоа што воведниот натпревар е само задолжителна победа за Гилас, бидејќи тие ќе се сретнат со Доминиканската Република на првиот ден од турнирот во Манила. Поддршката од публиката во Арената во Манила би можела да биде клучен фактор во овој натпревар кој мора да се гледа.
Со Италија како фаворит, тоа би значело дека Доминиканците, Филипините и Ангола најверојатно ќе се борат за второто место во групата. И кој и да победи на оваа игра ќе биде на „возачкото место“ на патот кон следната натпреварувачка фаза.
Отворено прашање - Како Карл-Ентони Таунс ќе влијае на Доминиканците?
Доминиканската Република ја одигра последната деценија без една од најдобрите ѕвезди на нивната земја, но Карл-Ентони Таунс конечно се врати во комбинација за оваа селеккција од Карибите.
Неговото присуство, на главниот тренер Нестор „Че“ Гарсија му дава вистинско оружје во блоковите, а една друга работа, колку играчи кои ќе бидат присутни на ова првенство се подобри од него, пред се, офанзивно?
Овој тим на Доминиканската Република е истиот што го победи оној на Аргентина во 2019 година, и тоа двапати во квалификациите за ова Светско првенство. Па додавањето на талент каково што со себе го носи КАТ може само да ги направи многу, многу подобри, нели?