22.08.2023

Србија е јасен фаворит за „влез“ во наредната фаза

ВО ПРЕСРЕТ НА МУНДОБАСКЕТОТ 2023-Преглед Група „Б“: Кина, Порторико и Јужен Судан во битка за второто место

Србија е јасен фаворит од оние национални тимови што ќе играат во групата „Б“. А второто место кое води во „второто коло“ се чини дека ќе биде голема битка помеѓу редовно присутната репрезентација на Порторико, дебитантот Јужен Судан, и „реновираната“ Кина.

Фаворит: Србија

Србија е јасен фаворит за „влез“ во наредната фаза од  групата „Б“, и всушност може да се смета барем за еден од кандидатите за освојување на турнирот. Им недостасуваат некои големи имиња, но тој факт всушност може да го олесни притисокот со кој се соочува тимот на главниот тренер Светислав Пешиќ. Тие сè уште имаат квалитетен состав, на чело со Богдан Богдановиќ заедно со Никола Јовиќ, Никола Милутинов и Вања Маринковиќ, меѓу другите, со кој би можеле да завршат со подобар резултат од минатогодишниот Евробаскет.

Аутсајдер: Јужен Судан

Ако не зборуваме за „притисок“, а таква е ситуацијата во Јужен Судан бидејќи најмладата нација членка на ФИБА треба да дебитира на Светското првенство. Јужен Судан многумина го гледаат како голема непозната, но тие дефинитивно го заслужуваат своето место на глобалната сцена и нема да бидат во Манила само за да ги состават бројките.

Прво, „светлите ѕвезди“ се пласираа низ африканските квалификации со резултат 11-1, победувајќи многу од најдобрите африкански тимови, вклучувајќи го и актуелниот шампион на Афробаскетот Тунис (двапати). Претседателот на федерацијата на Јужен Судан, Луол Денг, потоа додаде некои големи засилувања во тимот. Оттука сите тимови треба да бидат предупредени, да не го „сфатат“ така лесно тимот на Јужен Судан.

Главниот натпревар: Јужен Судан против Порторико

Порторико не може така лесно да го „добие“ Јужен Судан на отворањето  на натпреварите во оваа група.

И првиот тим што треба да го „послуша“ тоа предупредување е Порторико бидејќи момците од Карибите се соочуваат со Јужен Судан во првиот натпревар од групата.

Порторико, дефинитивно има намера да стигне до втората, групна фаза, но тие шанси ќе бидат многу мали ако го загубат воведниот меч од тимот од Африка.

Дебитантот сака да напредува, а за да биде така навистина треба да го победи Порторико и, се разбира, би било одлично да го добиеш првиот натпревар во првиот Светски куп. Со сè што оди заедно со играта - отварање за двата тима, важноста за напредување - дополнителна динамика е спротивниот стил на игра што го практикуваат двата тима.

Отворено прашање: Може ли Кајл Андерсон-Ли Кајер да и помогне на Кина да направи чекор напред?

Кина се мачеше многу години - дури и на континентално ниво - и федерацијата донесе големо име во селекторот Александар Ѓорѓевиќ за да се обиде да го промени правецот на тимот. Кајл Андерсон - кој исто така го носи неговото кинеско име, Ли Кајер - му се приклучи на тимот, со надеж дека ветеранот во НБА може да им даде поттик на Азијците. Останува да се види колку 29. годишниот играч ќе му помогне на тимот, кој има неколку силни млади играчи, макар и не со некој голем „сајз“, кои со себе сепак, носи доста прашалници.