23.08.2023

Грција, Нов Зеланд и Јордан ќе бараат своја шанса во ова друштво кое е собрано во Манила.

ВО ПРЕСРЕТ НА МУНДОБАСКЕТОТ 2023-Преглед Група „Ц“: Може ли некој да ги запре Американците?

Соединетите американски држави се силни фаворити во оваа група, но лекциите од 2019 година сугерираат дека тие треба да бидат на 100 проценти уште од првиот ден. Грција, Нов Зеланд и Јордан ќе бараат своја шанса во ова друштво кое е собрано во Манила.

Фаворит: САД

Со Стив Кер на чело, САД ќе бараат место во историјата. Тие веќе стојат на врвот на табелата во однос на ловот на медали на сите времиња со 12 медали. Но ова е нивната шанса да станат првата нација со шест златни медали од Светските првенства. Доаѓајќи во Манила, тие се изедначени со поранешна Југославија, двете селекции до сега пет пати се искачија на највисокото скалило на подиумот.

Со толку многу историја и толкава моќ на ѕвезди на нивниот список, би било тешко да се замисли некој друг освен САД да го преземат приматот.

Но, тие беа и фаворити во групата и пред четири години во Кина, а сепак, Турција изнуди продолженија против нив. Грција, Нов Зеланд и Јордан одат на „копи-пејст“ на тој „турски начин на работа“ од Шангај.

Аутсајдер: Јордан

Три од овие тимови се пласираа во полуфиналето на Светското првенство од почетокот на векот. Преостанатиот е Јордан, кој влегува само во нивниот трет светски самит, со рекорд од 1-9 комбиниран во 2010 и 2019 година.

Нивниот рекорд на сите времиња во Азија купот не заплашува ниту многу други противници... Две места на подиумот на 16 настапи, победи на 63 натпревари, 56 порази...

Ќе биде тешка битка за нив, но ова се точните предизвици каде што тимот расте од ден на ден. Имаа 0-5 во 2010 година, 1-4 во 2019 година, и доколку забележат две победи, макар и како аутсајдери во групата, би можеле да бидат меѓу најдобрите 16. тимови во светот.

Главниот натпревар: Грција против Нов Зеланд

Ако избраниците на Стив Кер стојат високо како фаворити, а Јордан е аутсајдерот во групата, тоа значи дека сите погледи треба да ги насочиме кон последниот натпревар од групата, закажан во среда, на 30 август. Тогаш ќе се сретнат Грција и Нов Зеланд , повторувајќи нешто од 2019 година.

Тогаш, исто така, Грција и Нов Зеланд го играа клучниот, последен натпревар во групната фаза. Бразил се пласираше со 3-0 во групата, Грција и Нов Зеланд влегоа во последниот ден со 1-1, знаејќи дека победникот ќе го земе последниот билет за осминафиналето.

Потребен беше огромен дабл-дабл од Јанис Антетокумпо за да ја донесе Грција на победа од 103-97. И за надевање е уште еден трилер на двете селекции кои искомбинираа 200 поени и во 2023 година.

Отворено прашање: Животот без Јанис

Колку се „тешки“ Грците без нивниот талисмански водач - Јанис Антетокумпо? Изгледаа навистина добро за време на тренинг-кампот, но играњето на големо натпреварување е сосема поинаква работа во споредба со игрите за подготовка.

Со Јанис во тимот, би можеле да зборуваме за Грција која се бори за првото место. Но без него, тимовите како Нов Зеланд и Јордан мора да се чувствуваат сигурни за тест со „остатокот“ од грчкиот список.