Групата во Окинава ветува некои од најтешките битки во првиот круг од натпреварите на Светското првенство, со возбудлив состав: Австралија, Финска, Германија и домаќинот Јапонија.
Фаворит: Германија
Од нивната разочарувачка кампања на Светското првенство во 2019 година, кога беа исфрлени во првата фаза, Германија влегува во водечкиот настан на ФИБА како фаворит, особено по нивниот успех во последните две години.
Откако стигнаа до четвртфиналето на Олимпијадата во Токио во 2021 година, „Die Mannschaft’ го постигна својот најголем успех на последниот собир со освојување бронза на Евробаскетот во 2022.
И оваа година, нивниот список е преполн со ѕвезди каков што не бил долго време...
Тие ја зголемуваат „пареата“ како што се приближува собирот на најдобрите светски селекции, откако победија на четири од шесте подготвителни натпревари, и тоа со доста тежок распоред на „домашниот“ Суперкуп, но и неодамнешната меѓународна „недела на кошарка“ во Дубаи. На пример, тие водеа со 16 поени, против САД во третата четвртина...
Извесно, и без никаков сомнеж, Германија го има она што е потребно за да се дружи со најдобрите.
Аутсајдер: Јапонија
Јапонија имаше само 5-21 во нивните пет „патувања“ досега на Светското првенство. Останаа без победа во 2019 година за нивната најлоша кампања на главниот настан на ФИБА. Но, нема никаква причина другите тимови лесно да го сфатат денешниот состав на „самураите“.
Откако тренерот Том Ховасе ја презеде функцијата (многу брзо откако ја водеше женската селекција до сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година), машката селекција стигна до четвртфиналето на ФИБА Азија купот во 2022 година, за прв пат од 2015 година, за седмо место на крајот. Тие дури и направија и огромни напори против Австралија, во која играа без повредениот Јута Ватанабе.
Потоа, иако беа уверени за место на Светскиот Куп (како ко-домаќини), тие имаа настап во азиските квалификации, каде на крајот завршија со скор (7-5).
Клучниот натпревар: Финска против Австралија
Ако Германија е фаворит, а Јапонија е аутсајдерот, тогаш клучниот натпревар би бил оној помеѓу селекциите на Финска и Австралија, кој е на распоредот уште на првиот натпреварувачки ден. Овој дуел треба да даде „одговор“ за тоа што може да очекуваме во „групата на смртта“ на Окинава.
Моќта на ѕвездите во овој натпревар ќе биде исклучителна, а Лаури Марканен ќе треба да го одигра својот најдобар натпревар за Финска, бидејќи тие ќе се спротивстават на комплетната австралиска екипа, исполнета со таленти во НБА, кои исто толку лесно можеа да се сметаат за фаворити во групата наместо Германија... И е сосема непотребно да се каже дека тоа ќе биде тежок предизвик за Финска.
Отворено прашање: Дали Џош Гиди може да ги води „Бумерсите“ да ја предизвикаат Германија?
Џош Гиди одигра само еден натпревар во квалификациите од Азискиот куп во 2021 (против Хонг Конг), прв за младиот играч во сениорската репрезентација на Австралија, по што јасно е, очекувањата за овој 20. Годишен кошаркар се навистина големи.
Првото коло од Светскиот Куп би можело да послужи како негов „лакмус тест“, без разлика дали е способен да стане заштитно лице на ценетата програма која несмомнено ја имаат Австралијците во блиска иднина.