24.08.2023

Како седми во Светското рангирање на ФИБА, Словенците се обидуваат да извлечат максимум од враќањето на Светското првенство

ВО ПРЕСРЕТ НА МУНДОБАСКЕТОТ 2023-Преглед Група „Ф“: Дали „гладната“ Словенија може да го издржи притисокот?

Откако го пропушти претходното издание, Словенија доаѓа на собирот наа најдобрите во светот како еден од тимовите што може да оди до крај.

Фаворит: Словенија

Седми во Светското рангирање на ФИБА, Словенците се обидуваат да извлечат максимум од враќањето на Светското првенство. Откако ја освоија нивната прва круна, на Евробаскетот во 2017 година, тоа беше фрустрирачки пат за нив.

Откако не се квалификуваше за Светското првенство во 2019 година, Словенија навреме ја освои меѓународната кошарка со триумфот на Олимпискиот квалификациски турнир на ФИБА во Каунас. Но беше далеку од победата над Франција, за билет за Олимпиското финале во Токио во 2021, а потоа „падна“ пред Австралија во битката за бронзениот медал.

Потоа, нивната одбрана на титулата дојде до шокантен крај, бидејќи беа запрепастени од Полска во четвртфиналето на Евробаскет 2022 година.

Словенија секогаш треба да биде меѓу претендентите кога ги води Лука Дончиќ, но веројатно им е доста од тоа да бидат само помеѓу „претендентите“. Сакаат нешто повеќе од тоа, и во светски рамки...

Аутсајдер: Зеленортски Острови

Еден од четворицата дебитанти на овој Мундобаскет, Зеленортските Острови влегуваат како најниско рангиран тим на Светското рејтинг листа на ФИБА (место број 64)... Дополнително, тие се еден од најстарите тимови во ова натпреварување.

Но, на ФИБА Афробаскетот во 2021 година, кога стигнаа до полуфиналето, беше доказ дека „сините ајкули“ не „пукаат со ќорци“. Тимот, исто така, го победи составот на Брегот на Слоновата Коска на последниот ден од африканските квалификации за да го добие билетот за Светското првенство.

Тим, со Еди Таварес на центарската позиција е опасен тим. Сигурно е дека ќе покаже големо срце, и покрај тоа што е најмалата нација досега која се квалификувала на најголемото светско кошаркарско натпреварување по Олимпијадата.

Главниот натпревар: Словенија - Венецуела

Словенија ќе ја започне кампањата на 26. август против Венецуела, пресметка што ќе биде важна за целата група.

Додека Словенија се очекува да биде на врвот во групата „Ф“, Венецуела треба да биде тежок предизвик. Тие победија на два натпревари во првото коло на последното Светско првенство, и ги предводеа американските квалификации, спроед бројот на освоени топки.

Дали притисокот на Венецуела ќе и пречи на Словенија?

Ако Венецуела не може да приреди изненадување против Словенија, сите очи ќе бидат вперени во нивниот натпревар против Грузија. Резултатот од тој судир може да понуди појасен поглед, поточно насоката каде ќе се „движат“ тимовите кои се обидуваат да се пласираат во втората рунда.

Отворено прашање: Кој дебитант може да оди понатаму?

Светското првенство во Кина 2019 година „ја виде“ дебитантската Чешка , екипа која имаше одлична трка, до четвртфиналето, пред да загуби од Австралија и да заврши на шестото место.

Дали Грузија или Зеленортските Острови можат да го имитираат тој подвиг при нивното прво „патување“ на водечкиот настан на ФИБА?