Спектаклот е загарантиран, а оваа година ФИБА се погрижи и најмладите поединци да добијат дополнителен мотив да блеснат во дресовите на своите национални тимови.
Имено, за прв пат ќе биде доделена наградата за најдобар млад играч на планетарната смотра (играчи родени 2002 година и подоцна, со минимум четири одиграни мечеви на шампионатот).
Во трката за титулата „ѕвезда во успон“, влегува една петорка. Ја предводи младиот Австралиец, Џош Гиди. Потоа несудениот „Италијанец“ Паоло Банкеро, кој во последен момент се одлучи да заигра за супер-тимот на Соединетите американски држави.
Следуваат младиот Шпанец Хуан Нуњез, потоа големиот талент на филипинската кошарка, Каи Сото, а тука е и младата српска надеж и играч на Мајами Хит, Никола Јовиќ.