По втор пат во овој прв дел од шампионатот, Гостивар го совлада МЗТ Скопје, сега и во СЦ „Јане Сандански“, со (78:72), па сега се искачи на делба на првото место на табелата.
Не му оди на првакот во дуелите со Гостивар. Во првиот круг шампионот загуби во Гостивар, а загуби и вечерва, на свој терен во Скопје. Па сега на табелата има две екипи со идентичен ефект, девет победи и три порази.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ГОСТИВАР72:78
(21-23; 14-15; 15-17; 22-23)
Одличниот Доналдсон беше нерешлива енигма за шампионот во уводните минути од дербото во СЦ „Јане Сандански“. Американскиот бек брзо дојде до двоцифрен број на поени – 10. А неговата екипа се стекна со почетен капитал. Не така голем, но сигурен, као што беа оние (12:6), потоа (18:13), и (23:19), за таа прва четвртина МЗТ „скине“ дел од истиот. Да намали на -2 (21:23), а по неколку обиди во втората четвртина и да изедначи на (26:26), како што и беше по 13.минути игра.
Но гостиварци немаа намера да се откжат од својата замислена варијанта. Мирно, спокојно, скоро до истекот на нападите завршуваа дел од планираните акции. Уште еднаш имаа плус од шест поени (34:28), потоа и (36:30), за на полувремето домаќинот уште еднаш да се тргне, макар и минимално, доволно за минусно салдо од три поени, (35:38).
Најмногу по заслуга на расположените Стојановски, кој исто така, го надмина двоцифрениот праг на поени. Даде скоро една третина од поените на скопските „сино-бели“, Магдевски пак имаше еден помалку.
Третата четвртина беше „копија“ на претходните две. Уште еднаш, Гостивар беше тимот кој имаше постојана предност. Не поголема од претходните, а во тој стил кошаркарите на тренерот Марјан Србиноски и го финишираа тој дел од дербито. Со позитива од пет поени (55:50), влегоа во периодот на одлука. Покрај Доналдсон (дојде до 17.поени), двоен број на поени во гостинската екипа имаа и Димчевски - 11, и Костоски (10).
Стојановски беше играчот во домашната екипа кој сакаше да каже „стој“ за Гостивар. Со помош од Магдевски го одржуваше својот тим во игра за триумф.
Но двете тројки на Димчевски, и една на Доналдсон, во 33.минута, ги донесоа гостите од Гостивар до највисоката предност, од девет поени (66:57). Знак за Ѓорѓи Кочов да земе минута одмор. Но без некој краен ефект за бранителот на титулата. Во МЗТ Скопје немаше трет расположен ииграч за надигрување со екипата која ги победи и по втор пат во овој шампионат.
Комплетната статистика од мечот, ТУКА.