Управниот одбор на кошаркарската федерација на Романија одлучи дека во оваа натпреварувачка сезона нема да се прогласи шампион во ниту една од лигите кои се под јурисдикција на федерацијата.
„Управниот одбор ја потврди невозможноста за продолжување на Националната кошаркарска лига (машка и женска) и Лига I, поради пандемијата „Ковид“ - 19 и едногласно наредува прекинување на натпреварувачката сезона 2019-2020 година на ЛНБМ, ЛНБФ и Лига I, со ВТА во сила на денот на прекин на натпреварите од страна на Комисијата за вонредни ситуации, од 12. март 2020 година, без доделување на титулите на национален шампион“.
Како што се истакнува во соопштението, оваа одлука влегува во сила со почеток од 22 мај 2020 година, со што на сите клубови-учесници им се дава можност во овој период да ги решат сите организациски проблеми.
Истовремено, сите национални првенства од сите младински категории од сезоната 2019-2020 (У13, У14, У15, У16, У18 и У20) ќе бидат продолжени со организирање на завршни турнири, со учество на првите осум екипи. Доколку тоа го дозволат законските регулативи во врска со борбата против пандемијата COVID-19, сите финални турнири ќе се одржат во август 2020 година.
Со оглед на ограничувањата во врска со спортските настани што се одржуваат во спортски сали, постои можност завршните турнири да се организираат и на отворени терени.