03.04.2020

Во шпанското сценарио нема крај на „Ендеса“ лигата, Димитријевиќ и Витингтон ќе почекаат некои подобри времиња

ACB лигата  го откажа датумот 24 април за  продолжение на сезоната, и во наредните недели ќе ја анализира еволуцијата на здравствената криза во донесување на конечни одлуки.

 

Сите 18. клубови од елитната „Endesa“ лига во Шпанија одржаа брифинг преку видео конференција за да ги проценат ефектите од периодот на привремена суспензија и да продолжат да работат на идните сценарија.

Како резултат на тоа, ACB лигата одлучи дека датумот за евентуалното продолжување на натпреварите, 24. април е неефикасен, дека во наредните недели ќе ја анализира еволуцијата на здравствената криза за донесување на одлуки.

Антонио Мартин, претседател на Асоцијацијата, во името на сите клубови кажа дека на спортско ниво намерата за  продолжување на лигата останува непроменета:

„Намерата за продолжување на лигата останува непроменета. Заедно со нашите клубови ќе го анализираме најдобриот начин да го постигнеме ова, секогаш обезбедувајќи го здравјето на сите учесници“.

Тоа значи дека двајцата наши репрезентативци кои се дел од шпанското елитно натпреварување, Ненад Димитријевиќ како играч на Хувентуд, а Шејн Витингтон како дел од екипата на Реал Бетис, и во наредниот период ќе мора да останат таму каде ешто се во моментов. Во Бадалона, односно во Севиља.

Секако со надеж  дека хаосот во спортот кој го донесе COVID-19 вирусот ќе биде набрзо сопрен, и дека сите актери ќе им се вратат на своите професионални обврски, повторно да заиграат врвна кошарка.