01.09.2020

Стојановски реализираше 11.поени и 2.скока во триумфот од (77:72)

Војдан го фаќа ритамот, Гравелин подобар од Ле Портел

Последниот ден од август ја донесе и втората контролна средба за Војдан Стојановски и неговиот Гравелин.

А екипата од Данкерк излезе како победник во дуелот против Ле Портел (77:72) одигран на „неутрален“ терен во Хазебрук.

Капитенот на нашиот национален тим не се најде во стартната петорка на Гравелин. Но тоа не му посмета да биде еден од четворицата кошаркари во победничкиот тим со двоцифрен број на поени.

Стојановски изброја до 11.поени (5/6 за еден и 2/2 за два и 0/2 за три поени). А за 24:28 минути во игра додаде и два скока.

Двете екипи ќе играа повторно и на 4.септември, но во полуфиналето на „Ибис Купот“ кој се игра во Портел.

Претходно, во првата „контрола“, Гравелин Данкерк славеше триумф против екипата од ПРО Б лигата, Лил (75:56).