26.12.2019

Војдан ја презема контролата, но По Лак Ортез загуби

Капитенот на македонскиот национален тим беше најдобриот поединец во тимот од По, но недоволно да се „побегне“ од убедливиот пораз на гостувањето во Дижон...

 

Војдан Стојановски полека се враќа во натпреварувачка форма. Од натпревар во натпревар покажува дека ќе биде големо засилување за екипата на По Лак Ортез. Така беше и на гостувањето во Дижон, каде Стојановски доби најмногу минути, но и реализираше најмногу поени за својата нова екипа.

За 31 минута во игра, репрезентативниот бек реализираше 13.поени (2/4 за три, 2/6 за два и 3/3 за еден поен), кои ги дополни со два скока, две асистенции и една освоена топка.

Но тоа не беше доволно за нов успех во ЛНБ лигата на Франција.

Дижон славеше со убедливи (96:57), па сега, по 16. одиграни кола со ефект (6-10) По Лак Ортез е на 12. позиција на табелата.

*Екипата на Евре, без помош на повредениот Стојан Ѓуроски, стигна до успех на гостувањето кај Сент Квентин (104:100). Со скор (5-7), Евре е на делба на 12. место на табелата во ПРО Б конкуренцијата во Франција.