Во 21.коло од француската ЛНБ лига, Лимож беше подобар од Гравелин Данкерк (77:71). а Војдан Стојановски најефикасниот играч во гостинската екипа, стрелец на 16.поени
На ова гостување во Лимож, Војдан Стојановски беше дел од стартната петорка на Гравелин Данкерк. Во уводните десет минути (Гравелин водеше со 18:16) на овој израмнет дуел, нашиот репрезентативец реализираше пет поени (1/2за три и 1/1 за два поени),а имаше и еден скок.
Во вториот дел од играта, поточно во 17.минута, гостите се стекнаа со предност (35:32), а Стојановски стигна до бројката од девет поени (и три скока). Потоа погоди уште еднаш од поле (4/5), стана најдобар стрелец во екипата (11.поени), но Гравелин го загуби водството.
По 20.минути игра, Лимож водеше со (42:37), а десет минути подоцна, со уште повисоки (61:53). А Стојановски го поправи својот статистички ефект на 13.поени и 6.скока.
Но крајот беше далеку, Гравелин стигна до егал резултат (69:69), откако Стојановски јa погоди втората тројка за својот 16.поен, (шут 2/3 за три и 5/8 за два поени). Имаше и шест скока, две загубени топки и една асистенција.
Сето тоа за 32:37 минути во игра.
По 21.одиграно коло во ПРО А лигата, сега Гравелин Данкерк е на скор (6-15), доволен за делба на 15.место на табелата.