Серж Кревекер доаѓа на местото на Ерик Бартечеки, кој доби „слобода“ во периодот додека траеше февруарскиот прозорец на ФИБА.
Само што заврши со репрезентативните обврски, Војдан Стојановски им се врати на оние клупските.
Но по враќањето од Перм, капитенот на нашиот национален тим, ја доби информацијата дека ќе има нов шеф на стручниот штаб во неговиот актуелен клуб – Гравелин Данкерк.
На местото на досегашниот Ерик Бартечеки, кој во меѓувреме си поднесе оставка, на северот на Франција дојде белгискиот стручњак, Серџ Кревекер.
Овој 48. годишен тренер во Франција доаѓа како поранешен предводник на белгискиот прволигаш Брисел со кого ја прекина соработката минатиот месец.
Гравелин Данкерк се наоѓа во опасната зона во ПРО А лигата на Франција. А пред новиот тренер и играчите се уште 11.кола во кои треба да се избори опстанокот.
Интересно е дека во наредното коло од ЛНБ лигата, овој викенд, во Гравелин ќе гостува сега веќе екс-клубот на Војдан Стојановски, По Лак Ортез.
Па нашиот репрезентативец, сега под водство на Кревекер, ќе има нова можност по преселбата во Гравелин да дојде до триумф против добро познатиот противник.