14.08.2020

Капитенот на „црвено-жолтите“ се приклучи на подготовките на Гравелин Данкерк

Војдан Стојановски е веќе во тренажен процес

Откако ги надмина сите компликации со транспортот, а потоа ги помина и задолжителните лекарски тестирања, Војдна Стојановски може да ја продолжи својата мисија како играч на Гравелин Данкерк

Предводникот на македонскиот национален тим пристигна во Франција уште пред неколку дена, но мораше да ги мине сите медицински протоколи пред да добие зелено светло за да му се стави на располагање на стручниот штаб.

Токму затоа Стојановски ги пропушти мини-подготовките на својата екипа кои беа реализирани во Белгија, но му се приклучи на тимот веднаш по враќањето на екипата во Франција.

Од клубот го поздравија враќањето на најдобриот македонски кошаркар, и му посакаа многу успех во новата сезона!