20.05.2020 Предводникот на „црвено-жолтите“ останува во Франција Капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски, и во следната сезона ќе го носи дресот на Гравелин Данкерк, откако постигна договор за продолжување на соработката со овој француски прволигаш. „Задоволен сум што уште сега го решив прашањето каде ќе играм во наредната сезона, односно во еден квалитетен клуб каков што е Гравелин Данкерк. Можам да кажам дека пресудна беше довербата на тренерот, кој ми даде голема слобода во двата месеци што ги минав во клубот. Имавме беспрекорна соработка и очекувам во иста насока да продолжиме и во следната сезона. Секако, со уште подобри резултати од овие кои ги имаше клубот во оваа натпреварувачка сезона“- потврдува Стојановски за продолжувањето на соработката со членот на ЛНБ шампионатот на Франција. По успешниот старт во ЛНБ лигата на Франција како играч на По Лак Ортез, Војдан пристигна во Гравелин Данкерк кон средината на јануари.