Војдан Стојановски е најдобриот македонски кошаркар за 2022 година. Се разбира, и дека немаше многу големи дилеми околу конечниот избор, капитенот на нашиот национален тим, и лидер на МЗТ Скопје во изминатата сезона, да биде бројот 1 во македонската кошарка.
„Многу сум горд, некако знаев дека пред крајот на кариерата ќе се вратам да играм во Македонија. Многу ми е мерак и многу ми е мило што бележиме успеси со МЗТ Скопје и со репрезентацијата што ја претставуваме Македонија во АБА. Се надевам дека ќе ги оствариме тие цели, дека ќе останеме во тоа друштво, и да продолжиме да ја презентираме македонската кошарка секако надвор од границите на Македонија.
Убаво е уште еден клуб да се придружи во АБА лигата. Сметам дека Македонија има таленти, дека има кошарка. И дека многу луѓе сакаат Македонија да има уште еден претставник во АБА лигата“ - искоментира во „свој стил“, кратко и јасно лауреатот на наградата најдобро за 2022 година.