29.12.2023

НАЈДОБAР КОШАРКАР ЗА 2023 ГОДИНА

ВОЈДАН СТОЈАНОВСКИ: „Се надевам на нови успеси, и на клупски и на репрезентативен план“

Легенда на македонската кошарка, играч за кој долго ќе се зборува и откако ќе ја заврши кариерата. Или што би рекле некои од постарите генерации: „Ако го немавме, требаше да го измислиме“...

„Благодарност до сите кои гласаа за мене. Се надевам на нови успеси како на клупски, така и на репрезентативен план“ – скромно, во свој стил, се заблагодари капитенот на нашиот сениорски тим за новото признание во неговата богата играчка кариера.