Војдан Стојановски најави а тоа беше експресно реализирано. Капитнеот на нашата сениорска репрезентација никако не сакаше да губи време. По првите проценки за „штетата“, актуелниот играч на францускиот ЛНБ лигаш, Гравелин Данкерк, одлучи веднаш да оди на операција.
И тоа во Австрија кај еден од најдобрите европски и светски стручњаци за санирање на повреди во пределот на коленото.
По задолжителните прегледи на повреденото место, синоќа Др. Швенк го изврши оперативниот зафат, кој според Војдан поминал во најдобар можен ред.
Констатирано е „кинење“ на лигаментот, но нема други оштетувања во коленото.
Па сега, по краткото задржување во клиниката, Стојановски во понеделник претпладне се враќа во Скопје каде ќе го почне оној, се чини потежок и подолготраен процес, рехабилитацијата.
Според првите процени, опоравувањето ќе биде во рок од најмалку шест месеци, што значи дека Стојановски би бил подготвен за враќање на теренот некаде во вториот дел од годината.