Војдан Стојановски е подготвен за она што следува во Про А лигата на Франција. Долгата пауза во шампионатот, коај ја предизвика присуството на корона вирусот во земјата на „галските петлиња“, и перипетиите кои ги имаше капитенот со националниот тим во „балонот“ во Талин, се веќе зад него, а и екипата на Гравелин.
Па оттука и Војдан, во полна физичка кондиција, и неговите соиграчи нормално продолжуваат со подготовките за следните предизвици во сезоната.
Екипата од Данкерк, во полн состав, го чека наредниот меч од француската ЛНБА лига, закажан за 19. декември, кога ги чека гостувањето во Стразбур.
Последниот меч Гравелин Данкерк го одигра пред повеќе од три недели. Поточно, на 21.ноември, против Про Б лигашот Денан, во 1/16 финалето од Купот на Франција.