„Имав понуда да останам во клубот каде што сум сега, и за кој ќе го одиграм и наредниот меч од францускиот шампионат, оној против екипата на Монако“- потврдува Војдан.
За некои помалку и неочекувано, за други пак не.
Војдан Стојановски ќе го одработи во целост договорот кој го направи со По Лак Ортез, кој е со важност до 19. јануари. А потоа се сели малку „погоре“, останува во Франција, но како играч на Гравелин Данкерк.
„Имав понуда да останам во клубот каде што сум сега, и за кој ќе го одиграм вечерашниот, но и наредниот меч од францускиот шампионат, оној против екипата на Монако“- потврдува Војдан.
„Но, морам да бидам искрен, и да кажам дека понудата од Гравелин за мене, барем во овој момент, е доста подобра, во секој поглед, и оттука мојата одлука е да ја прифатам токму таа. Едноставно, не можев да ја одбијам“.
Војдан не очекува било каков проблем со оглед на тоа дека веќе од наредната седмица ќе биде дел од друга екипа.
„Тука не е размислува со некој ‘наш’, балкански менталитет, напротив. Кога се работи за професионален пристап, луѓето ја прифаќаат одлуката на поединци, па така и во мојот случај. Свесни се дека наскоро ќе мора да се збогуваме. Но нема лутиш, тоа е професионализам. Секој гледа и оди таму каде што мисли дека му е подобро“.
Истото се однесува и за соработката со стручниот тим на неговиот иден клуб.
„Веќе разговарав со тренерот на Гравелин, Ерик Бартечеки. Ми ги објасни неговите идеи, размислувања. Разговарав и за мојот репрезентативен ангажман. Не би требало да има никакви проблеми, во клубот се свесни дека репрезентативните обврски се составен дел од работата. Впрочем и календарот во ЛНБ лигата е направен токму во таа насока, се остава простор токму за тој февруарски прозорец на ФИБА. Оттука, мислам дека ќе се ставам на располагање на стручниот штаб на почетокот од подготовките за оние два квалификациски мечеви со Естонија односно со Русија“- дообјаснува Стојановски кого вечерва го чека претпоследниот меч како играч на По Лак Ортез.
Оној од 11.коло на ФИБА Лигата на Шампионите, против шпанскиот Бургос.
„Нема збор, останувам максимално подготвен професионално да ги одработам овие мечеви за клубот кој ми даде шанса да се вратам во некоја натпреварувачка форма што ми беше посебно важно, потребно, и на кого сум му крајно благодарен за тоа“.
Во меѓувреме, неговиот, сега веќе нов клуб, Гравелин Данкерк, направи една интересно видео-најава