04.07.2022 „Бевме блиску да победиме, но изгубивме. Тоа е спортот“...- коментира капитенот по поразот од Украина И овој натпревар, последен од квалификациите за Светскиот Куп, Војдан Стојановски покажа дека националниот тим со него е „нешто сосема поинакво“. Беше вистински лидер на тимот, но исто како и неговите соиграчи жали што добрата игра со Украина вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје (пораз со резултат 68:73), не беше крунисана со победа. „Селекторот кажа, лошо го отворивме натпреварот примајќи 35 поени во првиот дел. Во вториот дел покажавме карактер и успеавме да се вратиме. Тоа го направивме неколку пати во текот на играта. Бевме блиску да победиме, но изгубивме. Тоа е спортот...Сака да им честитам на моите соиграчи за сите натпревари на кои покажавме дека одиме на вистински пат“- искоментира Стојановски