14.01.2020

ВОЈДАН УСПЕШНО ЈА ЗАВРШИ ЕВРОПСКАТА ЗАДАЧА: ПО ЛАК ОРТЕЗ ПОДОБАР ОД  БУРГОС

Војдан Стојановски го одигра својот претпоследен натпревар во дресот на По Лак Ортез. Во мечот од 11.коло од регуларниот дел од ФИБА Лигата на Шампионите, По Лак Ортез го пречека шпанскиот Сан Пабло Бургос и стигна до триумф од (80:76)...

 

Беше доста „тивок“ во првиот дел. Почна како стартер, одигра нецели 11.минути во кои реализираше само два поени (1/3 од поле), аимаше и две асистенции и по една освоена, односно загубена топка.

Но што е поважно, По Лак Ортез имаше сигурно водство (47:35).

Но сето тоа екипата од Франција го загуби со катастрофалната игра во третата четвртина во коај Бургос направи неверојатни (27-9), и поведе со (62:56), а Стојановски, како и и добар дел од соиграчите останаа без ефект во тој период од играта, кој заврши со три поени плус во корист на гостите од Шпанија (62:59).

Но, тројката на Стојановски донесе четири шестки на семафорот (66:66), на нешто повеќе од шест минути до крајот. Тоа беше продолжение на серијата од (16-4) по која По Лак Ортез си го врати водството (75:66) и стигна до четвртиот триумф во ова натпреварување, (80:76).

Капитенот на нашиот национален постигна поени (1/4 за три и 1/4 за два поени). Имаше и по две асистенции и освоени топки, три загубени и еден скок за скоро 24.минути во игра.