12.07.2017 Нашата младинска репрезентација попладнево замина за Романија каде во наредните десет дена ќе ги брани боите на Република Македонија на Европското првенство. Младинците нешто повеќе од месец дена тренираа под диригентската палка на селекторот Мирко Петрески чии совети порај аут линијата ќе ги слушаат и во Орадеа на првенството. Македонската кошаркарска федерација сака да им посака успех на младите кошаркари. Среќно момци!