16.02.2018

Линкови до livestream и статистика

Време е за КУП!

Со нокаут систем на натпреварување, Купот на Република Македонија отсекогаш бил полн со изненадувања. Еден пораз значи и крај на натпреварувањето кое со години важи за празник на кошарката.

Во Република Македонија, во машка сениорска конкуренција, вкупно осум клуба го имаат подигнато престижниот трофеј од Купот. Работнички останува на врвот со девет Куп-трофеи во своите витрини освоени во 1993 година, 1994, 1998, 2003, 2004, 2005, 2006, 2011 и во 2015 година. МЗТ Скопје Аеродром има осум (1996, 1997, 1999, 2000, 2012, 2013, 2014, 2016), по два имаат Фени Индустр (2008, 2010) и Никол Ферт Гостивар (2001, 2002), а по еднаш трофејот го освоиле Вардар Осигурување (2007), Кочани Деликатес (1995), Амак СП (2009) и Карпош Соколи кој трофејот го подигна минатата 2017 година.

Осум клуба во машка односно четири во женска конкуренција од денес па се до недела ќе се борат за овој престижен трофеј. Возбудувањата започнуваат со четвртфиналните возбудувања во машка конкуренција. Четирите дуела кои се на распоред денес ќе можат да се проследат во живо во салата „Јасмин“ во Кавадарци и на livestream линковите.

Работнички – Карпош Соколи
Почеток 13:00
ЛИНК ЗА LIVESTREAM
статистика

Блокотехна – АВ Охрид
Почеток 15:30
ЛИНК ЗА LIVESTREAM
статистика

МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри
Почеток 18:00
ЛИНК ЗА LIVESTREAM
статистика

Куманово – Гостивар
Почеток 20:30
ЛИНК ЗА LIVESTREAM
статистика