Утре, недела (2. март, 2025 година) е ден резервиран за кошаркарски фестивал за најмладите - МИНИБАСКЕТ фестивал во организација на Кошаркарската Федерација, а во рамки на проектот ALLEY - OOP.
Како и досега, спортската сала СРЦ Кале ќе биде местото каде најмладите ќе разигруваат, ќе се дружат и ќе се запознаваат со основите на кошаркарскиот спорт.
Вкупно 800 деца, момчиња и девојчиња, пријавени од 22 екипи ќе излезат на трите терени на паркетот во СРЦ КАЛЕ, почнувајќи од 9:00 часот наутро.
Екипите се поделени во неколку возрасни категории, овој пат за западниот дел од државата.
- 2015/16 машки
- 2015/16 женски
- 2017/18 машки
- 2017/18 женски
До крајот на календарската година ќе бидат одржани уште неколку минибаскет фестивали.
За повеќе информации следете го профилот на МИНИБАСКЕТ на социјалната мрежа инстаграм.