17.12.2018

термин на одржување

Втор дел од едукацијата за тренери

Се информираат сите тренери кои ја посетуваат едукацијата за тренери спроведена од МКФ дека вториот дел ќе се одржи идните понеделник и вторник (24. и 25. декември) со почеток во 10:00 часот во конгресната сала при спортскиот центар „Борис Трајковски“. 

Во текот на двата дена кандидатите кои ја посетуваат едукацијата за тренери ќе слушаат предавања во конгресниот центар при СЦБТ како и во малата сала.

Целосната програма за вториот дел од планираната едукација ќе биде објавен дополнително во текот на утрешниот ден.