12.09.2022 Oд 15. до 18. септември во Скопје ќе се одржи нов собир во чест на еден од најпознатите македонски стручњаци во млади категории Турнирот е предвиден за кошаркари родени 2008 година и помлади, а годинава ќе учествуваат осум екипи. Од Македонија ќе играат Вардар и МЗТ Скопје Аеродром, а гости се Балкан од Бугарија, Игокеа од БиХ, Будуќност од Црна Гора, Цедевита од Хрватска, како и Црвена Звезда и Триумф од Србија. Минатата сезона трофејот го освои словенечкиот клуб Слован. Меморијалниот турнир кој е предвиден да се одигра во периодот од 15. до 18. септември, е во спомен на еден од најпознатите и најтрофејни македонски стручњаци во младинска конкуренција Драган Василов - Цевка кој почина во август 2020 година.