Една силна четвртина и беше доволна на селекцијата на Израел да славо со убедливи (83:51). Утре играме со селекцијата на Бугарија...
Втор настап и втор пораз за машката кадетска селекција на Македонија на турнирот насловен како Балкан Куп „Некст стар“ во Таргу Џиу.
По поразот во дуелот со селекцијата на Романија, нашата селекција на играчи „Под 16“ години загуби убедливо од Израел.
МАКЕДОНИЈА -ИЗРАЕЛ 51:83
(16-19; 8-27; 10-16; 17-21)
По релативно израмнетата прва четвртина во која противникот имаше три поени предност (19:16), нашите млади кошаркари застанаа во втората. Израел направи серија по која на полувремето веќе беше далеку напред.
Водеа со (46:24), а во второто полувреме таа разлика беше уште повеќе зголемена.
Виктор Стојковски беше единствениот наш кошаркар со двоцифрен број на поени. Реализираше 12. поени, имаше и шест скока, но и исто толку загубени топки.
Комплетната статистика од овој натпревар може да се погледне на следниот ЛИНК.
Звучи неверојатно, но е вистинито, нашата селекција имаше дури 30.загубени топки. И тоа е и основната причина за вака убедлив пораз.
Шанса за прва победа ќе имаме утре изутрина, од девет часот, кога играме против селекцијата на Бугарија во битка за пласман на третото место на овој собир во Романија.
Тој натпревар може да се следи на следниот ЛИНК
Два часа подоцна, турнирот во Таргу Џиу завршува со дуелот на двете најдобри селекции, Романија и Израел, кој во овие 40.минути покажа далеку повеќе од нашиот кадетски тим.