Јуниорската репрезентација од турнирот во Истанбул се враќа со една победа (против Словачка) и два порази од Турција. Во последниот натпревар од овој турнир кошаркарите до 18 години загубија со 84-60 односно 17-14, 21-6, 19-23 и 27-18 по делници.
За избраниците на Ѓорѓи Кочов следат уште четири пријателски натпреари во овој кус период, Два ќе бидат одиграни во нареднинте два дена, против Бугарија, па по три дена одмор следи двомеч со Австрија на гостински терен.
СТРЕЛЦИ НА НАТПРЕВАРОТ:
Трсунов (15 поени), Стојановски (10), Крстевски (16), Волкановски (3), Панов (2), Михајловски (11), Стојанов (3)