17.04.2018

Втор селективен тренинг за кошаркари родени 2004 година (Западен регион)

Селекторот на националната селекција до 14 години (кошаркари родени 2004 година), Благоја Кечовски, заедно со членовите на неговиот стручен штаб изминатиот викенд го одржа првиот селективен тренинг за оваа генерација. Тренингот се одржа во Гевгелија, а на истиот се појавија 24 кошаркари од Источниот регион на Републиката.

Претстојниот викенд, поточно в недела (22.април), ќе биде одржан и вториот селективен тренинг. Овој пат, тренингот ќе биде одржан во Битола, за кошаркари од клубови од Западниот регион (МКФ регионална поделба, регион 3).

Селективниот тренинг ќе се одржи во салата „Младост“ и ќе започне во 14:00 часот. Кошаркарите треба да бидат во салата, подготвени за тренинг, 30 минути пред почетокот на истиот.

Се замолуваат клубовите од градовите Кичево, Струга, Ресен, Охрид, Прилеп и од Битола да испратат најмногу пет кошаркари од својот клуб.

Оваа календарска година, кошаркарите до 14 години повторно ќе учествуваат на турнирот „Slovenia Ball“ заедно со уште девет репрезентации во соодветната возрасна категорија. Четиринаесеттото издание на панданот на Европско првенство ќе се одигра во Словењ Градец, во периодот од 23. до 26. август.