07.03.2024

Македонскиот судиски двоец ги судеше финалните натпревари на собирот на млади кошаркари во Белград

Втора година по ред, судиите Давидов и Јакимовски арбитрираа на јуниорскиот турнир од Евролигата

Судиите Александар Давидов и Никола Јакимовски и оваа година беа дел од ,,EUROLEAGUE BASKETBALL ADIDAS NEXT GENERATION TOURNAMENT, кој изминатата недела се одржа во Белград.

А и во оваа прилика, двајцата македонски судии одлично го одработија својот дел од обврските на собирот на кој се натпреваруваа осум екипи (играчи во јуниорска конкуренција).

За тоа беа наградени, да бидат дел од судиските тројки за финалниот ден од турнирот во главниот град на Србија.

Јакимовски беше дел од судиската тројка која го судеше натпреварот кој го даде победникот на турнирот, а во кој Барселона беше подобра од Армани Милано (104:85), додека пак Давидов доби доверба да го суди натпреварот за третото место во кое белградски Партизан го совлада комбинираниот состав именуван како NEXT GENERATION BELGRADE со (81:72).