Со почетна, но голема предност влегуваат екипите на Ангели и на Феникс 2010 во денешните натпревари, втори во полуфиналната серија на плеј-офот од Втората лига, против своите ривали Чаир 2030 и Партизан Водно Санс.
Евентуален втор триумф би ги однел до крајната цел – пласманот во Првата лига и дел од елитата во сеоната 2021/2022.
Се чини дека уште поголема предност има екипата од Драчево, ако се земе в предвид дека „зелено-белите“ пред неколку дена направија „брејк“ односно како гости беа подобри од чаирчани (80:75). Па вечерва од 17.часот, ќе треба да го потврдат тоа и на домашен терен во салата „Независна Македонија“.
Еден час подоцна, но во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, кошаркарите на Партизан Водно Санс ќе се обидат да го поправат впечатокот кој го оставија на гостувањето во Маџари, каде Феникс 2010 славеше со повеќе од убедливи (110:69).
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ – 2. НАТПРЕВАР
ДЕНЕСКА:
17.00: Ангели – Чаир 2030 (1-0)
Сала „Независна Македонија“ - Скопје
https://youtu.be/AmX931hMxZE
18.00. Партизан Водно Санс – Феникс 2010 (0-1)
Сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
https://youtu.be/R3TvaepljyI