16.04.2021

Последното коло ќе ги симне сите дилеми, кој ќе игра во доигрувањето и од која позиција ќе стартува...

ВТОРА ЛИГА – МАЖИ: Борец Баскет или Баскет КАМ во четвртфиналето?

Овој викенд ќе бидат разрешени сите непознати во делот кој се нарекува Втора лига-мажи.

На програмата е последното, 18. коло од регуларниот дел од сезоната во овој ранг на натпреварите, кое треба да ги „произведе“ сите осум учесници во доигрувањето за двете места кои водат во Првата лига за сезојата 2021/2022.

Многу појасна е ситуацијата во групата „Исток“...

Пред гостувањето во Тетово (сабота, 16.30 часот) и дуелот со Тетекс ТТК, екипата на Чаир 2030 (16-1) ја обезбеди најдобрата стартна позиција во „плеј-офот“ без оглед на исходот на дерби дуелот.

Од друга страна пак, Тетекс ТТК (12-5), ја има потврдено позицијата број 3. Победа против чаирчани, не ги носи на место погоре од причина што екипата на Партизан Водно Санс (13-4) има подобар скор во меѓусебните натпревари, и во доигрувањето ќе почне од второто место на табелата.

Четвртото место на кое се во овој момент, кошаркарите на Хераклеа (11-6), треба да го потврдат со триумф во мечот со Спорт Тим во Неготино.

Два натпревари на Истокот ќе ја креираат конечната табела во оваа група.

Едниот се игра во сабота (од 14.часот), во Велес, каде Борец Баскет (11-6) го пречекува составот на Шкупи (13-4).

Победа на велешани против екипата од Чаир, ќе ги остави на четврттото место на табелата, недостижно за Баскет КАМ (10-7), дури и ако екипата од Каменица слави на гостувањето во Струмица.

Пред последното коло Феникс 2010 (15-2) и Ангели (15-2) влегуваат со шанси за најдобрата стартна позиција.

Но, ако Феникс 2010 го добие дуелот со Про Баскет, а Ангели го направат истото со струмички Ролинг 08, првата позиција ќе ја има екипата од Маџари.

Во случај на пораз на Феникс 2010, а победа на Ангели, тогаш екипата од Драчево ќе заврши како првопласирана, и ќе има нешто полесен противник во четвртфиналните натпревари.

Без оглед на резултатите од 18.коло, екипата на Шкупи ќе заврши како третопласирана во групата Исток.

ВТОРА ЛИГА – МАЖИ

ДВОЈКИ 18. КОЛО

ИСТОК

САБОТА:

14.00: Борец Баскет – Шкупи

15.00: Куманово 2 – МКК Куманово

15.30: Феникс 2010 – Про Баскет

НЕДЕЛА:

16.30: Струмица – Баскет КАМ

Ролинг 08 – Ангели          одл.

ЗАПАД

САБОТА:

13.00: Спорт тим – Хераклеа

16.00: Мега Баскет – ГКК Охрид

16.30: Тетекс ТТК – Чаир 2030

НЕДЕЛА:

14.00: Риниа - Спарта

Партизан Водно Санс – Пелистер Медика карта  одл.