Екипите на Чаир 2020 и на Струмица направија голем чекор кон Првата лига откако ги добија првите мечеви од полуфиналната серија од доигрувањето за пополнување на две места кои водат во елитното натпреварување.
Пред својата публика во струмички „Парк“, струмичани славеа убедлива победа против екипата на Шкупи (87:73).
Уште поиубедливи беа кошаркарите на Чаир 2030 кој во салата „Шабан Трстена“ без проблеми го поминаа Вардар со (84:56).
Вторите натпревари во серијата „подобар во три натпревари“ ќе се играат на 11. мај (среда), на теренот на послаборангираните полуфиналисти, Вардар и Шкупи.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
ПЛЕЈ-ОФ ПОЛУФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ 1. НАТПРЕВАР
Чаир 2030 – Вардар 84:56 (1-0)
Струмица – Шкупи 87:73 (1-0)