ФОТО: Кошаркарите на Борец Баскет стигнаа до убедлива победа во првиот четвртфинален меч против Шкупи
Екипите на Чаир 2030, Соколи 1933, Борец Баскет и Вардар имаа победнички почеток во доигрувањето за пополнување на Првата лига-мажи за наредната натпреварувачка сезона.
Топ-фаворитот, екипата на Чаир 2030 имаше одлично второ полувреме во кое го скрши отпорот на младите кошаркари на Партизан Водно Санс, за убедливи (105:78) и водство од (1-0) во серијата „подобар во три“ натпревари.
Убедлива победа реализираа и кошаркарите на Борец Баскет, кои на свој терне во салата „Гемиџии“ во Велес го победија Шкупи (97:61).
Почетна предност во четвртфиналето обезбеди и новакот во оваа конкуренција, екипата на Соколи 1933 која беше подобра од Струмица (69:63).
Најинтересно беше во „Кале“, каде во самито финиш, екипата на Вардар стигна до победата (68:66) против екипата од Македонска Каменица.
Вторите натпревари од четвртфиналето се играат на 30.април (сабота) на теренот на послабопласираните екипи, евентуалните „мајсторки“ пак се предвидени за 4. мај.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ - ПЛЕЈ-ОФ–ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ 1. НАТПРЕВАР
Вардар – Баскет КАМ 68.66 (1-0)
Соколи 1933 – Струмица 69:63 (1-0)
Борец Баскет – Шкупи 97:61 (1-0)
Чаир 2030 – Партизан Водно Санс 105:78 (1-0)