30.04.2023

Екипите на ГКК Охрид односно Соколи 1933 обезбедија место во полуфиналните серии, заедно со Вардар и Ангели

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ: Охриѓани и штипјани ќе атакуваат за место во Првата лига

Екипите на ГКК Охрид и на Соколи 1933 продолшуваат понатаму во битката за двете места кои водат во Првата лига. 

РАБОТНИЧКИ 2018 – ГКК ОХРИД  58:77 (1-2)

Кошаркарите од Охрид ја добија третата и најважна средба од серијата која води кон повисокиот ранг на натпреварување. Се покажаа како подобар ривал од Работнички. Особено добро одиграа во првото полувреме, во кое и се стекнаа со висока предност. На истекот на првата четвртинаа имаа седум поени „вишок“ (17:10), за на полувреме позитивата да стане и двоцифрена (34:22).

По егал играта во третиот период, во кој двете екипи поделија по 19.поени, орхиѓани го потврдија пласманот во полуфиналето со уште повисока разлика.

Бојовски уфрли 20.поени за ГКК Охрид, а го следеа  Стојаноски со 13, Столевски со 11, и Балов кој додаде уште 10.поени.

Кај Работнички 2018, Величковски реализираше 16.поени, Стојанов 12, а Вељковиќ уште девет, премалку за пласман во поуфиналето.

А таму, исто така во серија „подобар во три натпревари“, ќе се сретнат со екипата на Соколи 1933.

СОКОЛИ 1933 - МКК КУМАНОВО 66:59 (2-1)

Штипјани ја искористија предноста која ја носи играњето на овие т.н. „мајсторки“ на домашен терен.

Беа подобар противник од кумановскиот второлигаш. Во првата четвртина се стекнаа со солидно водство од (21:17). Но во продолжението од играта, вистинско враќање на Кумановци. Со серијата од (15-2) гостите поведоа со високи, со оглед на случувањата на теренот во салата „Јордан Мијалков“, (32:23). Но наместо да продолжат во ист стил, гостинските кошаркари му дозволија на својот конкурент да се врати, и тоа како. Со серија од десет поени, и на полувремето да има минимални (33:32).

Не се задоволија со тоа, и по само нешто повеќе од три минути игра од третата четвртина, штипјани веќе имаа предност од десет поени, (42:32). Уште поголеми (51:37) имаше Соколи 1933 на почетокот на последниот и решавачки дел од мечот. Се што направија гостите до крајот е да ја намалат таа негатива на едноцифрена (46:53), потоа и (51:58).

Но не и нешто повеќе од тоа!

Соколи 1933 останува во игра за пласман во Првата лига, ја затвори оваа серија со (2-1).  

Митев постигна 20, Димитриевски 12, а Кацарски уште 11 поени во екипата која е новиот полуфиналист. Во поразената, капитенот Стојановски беше стрелец на 13.поени, додека Краљевски даде два помалку.

Претходно место во полуфиналето во само два одиграни натпревари обезбедија скопските ривали Вардар и Ангели. .

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

РЕЗУЛТАТИ - ТРETИ НАТПРЕВАРИ

Работнички 2018 – ГКК Охрид  58:77 (1-2)

Соколи 1933 - МКК Куманово 66:59 (2-1)

ДВОЈКИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Вардар – Ангели

ГКК Охрид - Соколи 1933