Најдобрите осум екипи по 22. одиграни кола во Втората лига-мажи ја стартуваат втората фаза – плеј-офот.
Четвртфиналната серија ќе започне денеска, и ќе се игра според принципот „подобар во три натпревари“:
Двојка 1 - (1) Чаир 2030 - (8) Партизан Водно Санс,
Двојка 2 - (2) Соколи 1933 - (7) Струмица,
Двојка 3 - (3) Борец Баскет - (6) Шкупи,
Двојка 4 - (4) Вардар - (5) Баскет Кам.
Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 7.мај, 11.мај и евентуалниот трет натпревар на 14.мај, согласно следниот систем:
Победник 1 – Победник 4
Победник 2 - Победник 3
Победниците од полуфиналните натпревари ќе бидат нови членови во Првата лига-мажи за сезона 2022/23 година.
Натпреварите за прво и за трето место ќе се одиграат на 21.мај.
Денеска ќе се играат првите натпревари од четвртфиналето во кои предноста на домашен терен ја имаат екипите кои завршија на првите четири позиции
Екипата која запиша само еден пораз во регуларниот дел, Чаир 2030 влегува како фаворит во серијата со Партизан Водно Санс која почнува од 21.часот во салата „Шабан Трстена“.
Многу понеизвесни се очекува да бидат дуелите во кои Вардар го пречекува Баскет КАМ (16.часот, сала на КК „Вардар“), потоа оној во кој штипски Соколи 1933 ја пречекуваат Струмица (18.00 часот, сала „Јордан Мијалков“) како и серијата помеѓу екипите на Борец Баскет и Шкупи која ќе даде еден од четирите полуфиналисти (18.часот, сала „Гемиџии“ во Велес).
Вторите натпревари од четвртфиналната серија ќе се играат на 30.април, а евентуалните „мајсторки“ на 4.мај.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
ПЛЕЈ-ОФ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ – 1. НАТПРЕВАР
ДЕНЕСКА:
16.00: Вардар – Баскет КАМ
Сала на КК „Вардар“ – Скопје
https://youtu.be/tuqzOcM6FGQ
18.00: Соколи 1933 – Струмица
Сала „Јордан Мијалков“ – Штип
https://youtu.be/wC4kCCHMMnI
18.00: Борец Баскет – Шкупи
Сала „Гемиџии“ - Велес
https://youtu.be/D8g1RtOvdcA
21.00: Чаир 2030 – Партизан Водно Санс
Сала „Шабан Трстена“ – Скопје
https://youtu.be/I191FKznEuo