26.04.2023

Денеска се играат вторите мечеви од четвртфиналната серија

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ: Шанса за „поправен“ за послаборангираните

Првиот круг од бараж-натпреварите во Втората лига, донесе доста интересни моменти, и во исто време ја покажа изедначеноста на овој сегмент од натпреварувањата.

Го покажаа тоа, на пример, младите кошаркари на МЗТ Скопје Уни Банка, кои му дадоа силен отпор на лидерскиот тим во регуларниот дел во сезоната – Вардар.

Денеска, од 16. часот, само десетина метри подалеку, во големата сала на СРЦ „Кале“, избраниците на тренерот Бојан Серафимов ќе се обидат да ја вратат серијата, и да се игра уште еден натпревар на просторот на „Кале“.

Вечерва во Скопје ќе има уште една локална пресметка. Во исто време, 16.часот, но во големата сала на СЦ „Јане Сандански“, се среќаваат екипите на Водно Санс и на Ангели. Онаа од Драчево се стекна со почетна предност во оваа серија после убедливите (100:69), па останува да се види дали нивниот ривал на сили да го израмни резултатот во серијата која би „отишла“ во т.н. „мајсторка“.

Од 17.часот, во салата „Билјанини извори“ екипата на ГКК Оххрид го дочекува Работнички 2018, а еден час подоцна, во Куманово, во салата „Перо Наков“ кумановските „сино-бели“ ќе ја бараат својата прилика да ја анулираат негативата која ја имаат во серијата со екипата на Соколи 1933.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ВТОРИ НАТПРЕВАРИ – ДЕНЕСКА:

16.00: Водно Санс – Ангели (0-1)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје

16.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Вардар        (0-1)

Сала СРЦ „Кале“ - Скопје

17.00: ГКК Охрид - Работнички 2018 (0-1)

Сала „Билјанини извори“ - Охрид

19.00: МКК Куманово - Соколи 1933 (0-1)

Сала „Перо Наков“ - Куманово