23.04.2023

МЗТ Скопје Уни Банка испушти голема шанса за „брејк“ во серијата со Вардар (74:75)

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ: Спасовски не погоди за победа под „Кале“

Мошне драматичен натпревар, прв во четвртфиналната серија од плеј-офот во Втората лига-мажи одиграа екипите на Вардар и МЗТ Скопје Уни Банка.

Победникот беше решен буквално во последната секунда. Односно кога Спасовски не погоди (од добра позиција во рекетот) за победа на гостинската екипа.

Победата остана за Вардар , макар и минимална (75:74), ни доволно за почетни (1-0) во серијата која се игра до две победи и води во полуфиналето.

Претходно, Вардар беше екипата која подобро го отвори мечот „Под Кле“ ја доби првата четвртина со (23:17), но гостите одговорија во втората, па на полувремето имавме егал скор (38:38). Израмнето се играше до самиот крај во кој гостите од Аеродром испуштија можност за „брејк“ уште на почетокот на баражот за пополнување на двете места во Првата лига-мажи.

Блажо Митков реализираше 29.поени за Вардар, Бајрам Хусеин даде 14.поени, Коцев имаше 9, Пецановски 8, а Атанасов уште 7. поени.

Во гостинската екипа, Ангелковски дојде до 14.поени, Спасовски уфрли 13, Пандев 11, Настовски 9, а Трајковски уште 8.

Претходно Работнички 2018 го победи ГКК Охрид со (74:68), а вечерва во Штип, Соколи 1933 како домаќин славеше тепка поебда (74:71) против МКК Куманово.

Последниот меч од првиот круг се играше исто така во Скопје, но во салата „Независна Македонија“ каде Ангели го надигра тимот на Водно Санс и стигна до убедлва победа (100:69) за почетна предност во серијата.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ-ПРВИ НАТПРЕВАРИ

Вардар – МЗТ Скопје Уни Банка75:74 (1-0)

Работнички 2018 – ГКК Охрид 74:68 (1-0)

Соколи 1933 – МКК Куманово 74:71 (1-0)

Ангели – Водно Санс       100:69 (1-0)