26.04.2023

Славеа „вардарци“ и во вториот натпревар против МЗТ Скопје Уни Банка (90:82), а Ангели против Водно Санс (95:77), ќе се играат и две „мајсторки“

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ: Вардар и Ангели се првите полуфиналисти

Славеа „вардарци“ и во вториот натпревар против МЗТ Скопје Уни Банка (90:82), а Ангели против Водно Санс (95:77)

МЗТ Скопје Уни Банка – Вардар         82:90 (0-2)

Гостите од „соседната сала“ одиграа многу подобро во првото полувреме. Го решија во своја корист со двоцифрена предност (48:37). Само како „надградба“ на водството кое „црвено-црните“ го има и по десет минути од играта (21:18).

На средина на третиот дел домашната екипа се доближи на 57-61, а на истекот на тој период, беа уште поблоску до пресврт (68:69).

Но тоа беше се од екипата на МЗТ Скопје Уни банка на овој втор меч. „вардарци“ најдоа решение да се одбранат од тој последне нашад на противникот, и до крајот на натпреварот успејаа да с еодбранат , и да се пласираат во полуфиналето.

Атанасов уфрли 16, Коцев имаше 15, а Бајрам и Митков додадоа по 14.поени за Вардар.

Карло Блажевски даде 21.поен, неговиот брат, Паоло Блажевски реализираше 16, Ангелковски 12, а Стојковски уште 11. поени за МЗТ Скопје Уни Банка која го заврши настапот во оваа сезона во Втората лига-мажи.

*Во дуелот помеѓу екипите на Водно Санс и Ангели, пресудна беше последната четвртина. Односно десет минути во кои гостите од Драчево , парцијално, направија големи (28-10), со кои и дефинитивно, го скршија отпорот на противникот.

Водно Санс – Ангели 77:95 (0-2)

Доволно да стигнат до убедлива победа, која ги носи во првата „четворка“ во Втората лига, од која двете најдобри екипи ќе обезбедат пласман во прволигашката конкуренција за сезоната 2023/2024.

Филип Наков беше првото поентерско име во екипата на Водно Санс. Екс младинскиот репрезентативец постигна 33.поени, Милески стигна до бројката 14, додека пак Николовски уфрли уште десет поени за Водно Санс.

*Во Охрид, минимална победа на домашната екипа во натпреварот со Работнички (69:68), по која е јасно дека ќе се игра и трет, за неколку дена, повторно во Скопје.

ГКК Охрид – Работнички 2018 69:68 (1-1)

Охриѓани ја добија првата четвртина со 922:16), а по израмнетиот втор период, на полувремето беше иста разлика (40:34).

Младите кошаркари на Работнички 2018, направија пресврт во играта и во резултатот за време на третата четѕвртина, ја реализираа со (19-8). Но нивното водство од (53:48), се покажа како недоволно за конечен усшех. Во неизвесен финиш, ГКК Охрид слави со минимални (69:68) со кои се избори за „мајсторка“.

Кристијан Столески со 17. поени, беше најефикасниот играч за екипата од Охрид. Двата од нив беа и решавачки за победникот. Ист број на реализации  имаше и Кузманоски, додека пак Стојаноски беше стрелец на 13.поени.

Кај гостите од Скопје, Стојанов даде 17.поени, Србиноски имаше 13, а Величковски даде 11.поени.

*За трет, решавачки натпревар во серијата од четвртфиналето, се изборија и кошаркарите на МКК Куманово. Некако и полесно од очекуваното славеа убедлив триумф против Соколи 1933

МКК Куманово - Соколи 1933 81:64 (1-1)

Натпреварот во салата „Перо Наков“ го одбележаа големи осцилации и во играта и во резултатот, на двете екипи.

Домашната дојде до рана предност, доста убедлива во првите десет минути во кои поведоа со големи (29:8). Во онаа втората, штипјани беа подобри, но само за четири поени, кои го одведоа резултатот во натпреварот број 2 на (47:30).

Наизглед високата предност на кумановци се стопи во текот на третиот дел од играта. Штипјани имаа одлични десет минути во кои комплетно се вратија во игра за „брејк“ и место во полуфиналето. Но не продолжија во ист ритам, особено лоша беше нивната офанзива во четвртината на одлука. Им припадна на кошаркарите на МКК Куманово. Ја добија со високи (19-8), доволни за конечен успех.

Стојановски уфрли 17.поени, Аврамовски и Б. Стошиќ имаа по 13, Ј. Стошиќ 11, а Краљевски уште 10. поени за МКК Куманово.

Кај Соколи 1933, поентерски се одвоија Димитриевски со 18, и Дуев со 15.реализации.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ - ВТОРИ НАТПРЕВАРИ

Водно Санс – Ангели 77:95 (0-2)

МЗТ Скопје Уни Банка – Вардар         82:90 (0-2)

ГКК Охрид - Работнички 2018  69:68 (1-1)

МКК Куманово - Соколи 1933 81:64 (0-1)