ФОТО: Струмичани ќе се обидат да се вратат во друштвото на најдобрите преку серијата со Шкупи
Четвртфиналето од плеј-офот е веќе зад нас, останаа четири второлигашки екипи кои ја продолжуваат трката за двете места кои во наредната натпреварувачка сезона ќе играат во највисокиот ранг – Првата лига.
Условно земено, две изненадувања донесоа четирите четвртфинални серии во кои како послабопласирани екипи, Струмица и Шкупи се изборија за голема шанса, догодина да играат со најдобрите екипи. А овие две екипи ја формираа и првата полуфинална двојка.
Серијата „подобар во три натпревари“ стартува во сабота, од 17.часот во салата „Парк“ во Струмица.
Ден подоцна, во Чаир, поточно во салата „Шабан Трстена“ (од 19.часот) за место во финалето во првиот круг од полуфиналето, ќе се борат екипите на Чаир 2030 и Вардар.
Екипите на Струмица и на Чаир 2030 ја имаат предноста да го играат (доколку го има) и третиот натпревар на домашен терен, во сериите по кои ќе ги дознаеме и двата финалисти и учесници во Првата лига во натпреварувачката сезона 2022/2023.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ
ДВОЈКИ - ПРВ НАТПРЕВАР
7.МАЈ
17.00: Струмица – Шкупи
Сала „Парк“ - Струмица
19.00: Чаир 2030 – Вардар
Сала „Шабан Трстена“ - Скопје