Екипата на Чаир 2030 е првиот полуфиналист во Втората лига-мажи и единствена која успеа да влезе меѓу четирите најдобри по само два одиграни натпревари од четвртфиналето.
Амбициозниот тим од населбата на северот на Скопје, по втор пат во рок од неколку дена го победи Партизан Водно Санс со сигурни (90:75) за затворање на оваа серија со „чисти“ (2-0) и сега чаирчани ќе го чекаат својот ривал во следната фаза која, практично, е финале во борбата за место во елитната конкуренција.
Затоа пак во преостанатите три четвртфинални серии ќе се играат „мајсторки“.
Откако прво Шкупи го победи Борец (90:70), а Струмица славеше против Соколи 1933 (93:82), и Баскет Кам беше подобар од Вардар со исто така убедливи (84:65).
Третите натпревари, односно т.н. „мајсторки“ се на програмата на 4 мај, на терените на Вардар, Борец Баскет и Соколи 1933.
ВТОРА ЛИГА - МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ – ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Шкупи – Борец Баскет 90:70 (1-1)
Струмица – Соколи 1933 93:82 (1-1)
Баскет КАМ – Вардар 84:65 (1-1)
Партизан Водно Санс – Чаир 2030 75:90 (0-2)