26.01.2024

Овој викенд продолжуваат и второлигашките возбудувања. На програмата се шест натпревари од 12. првенствено коло.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Ангели бара реванш против Шкупи

По зимскиот одмор кој траеше повеќе од еден месец, во сабота попладне продолжува и Втората лига, и тоа со натпреварите од 12. коло.

А во првиот круг од натпреварите во 2024 година, се чини дека најинтересниот дуел ќе се игра во салата „Зеф Љуш Марку“ во Скопје, каде од 18.часот. следува локалното дерби, односно мечот помеѓу екипите на Шкупи и на Ангели. Две екипи кои се на „растојание“ од само една победа (предност има Шкупи, кој го доби првиот меч), што говори дека овие први 40. минути во новата календарска година носат и голема неизвесност околу конечниот победник.

Интересно, во овој термин ќе се одиграат уште три натпревари. Лидерот на табелата, екипата на МКК Куманово има гостување во Тетово, а за противник го има Тетекс ТТК. Другиот кумановски второлигаш, Куманово 2009 на свој терен го пречекува прилепски Мега баскет, додека пак во Штип, Соколи 1933 е во улога на домаќин на младиот состав на МЗТ Скопје Уни Банка.

Половина час порано (17.30), во салата „Наум Наумовски-Борче“ ќе играат екипите на Маџари и Впдно Санс.

Нешто подоцна, на 29. јануари (понеделник), од 20.часот, во салата „Гемиџии“ во Велес, ќе се сретнат екипите на Борец баскет и Работнички 2018.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 12. КОЛО

27.ЈАНУАРИ (САБОТА)

17.30: Маџари – Водно Санс

Сала „Наум Наумовски-Борче“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/amZhJ3qnvb4?si=NnqBADtMiZVxrN3h

18.00: Куманово 2009 – Мега баскет

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/HHFY4OzF1S4?si=G35H0mUxkiaLKTo0

18.00: Тетекс ТТК – МКК Куманово

Сала „Економско“ – Тетово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/SQcItmKwh8U?si=Nw4-O2Htggks2OIW

18.00: Соколи 1933 – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Јордан Мијалков“ – Штип

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/A85zspLuR1Y?si=IiYehnPQeCq9eSlN

18.00: Шкупи – Ангели

Сала „Зеф Љуш Марку“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/miYqO3w6ems?si=kA3n8pp5RO2zcuhc

29.ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

20.00: Борец Баскет – Работнички 2018

Сала „Гемиџии“ – Велес

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/P-na6Oo7Dqw?si=k_SDdvNRIg-snD0U

ТАБЕЛА: МКК Куманово 22, Маџари 20, Шкупи 19, МЗТ Скопје Уни Банка 19, Ангели 18, Соколи 1933 16, Борец баскет 16, Водно Санс 15, Работнички 2018 15, Мега Баскет 14, Тетекс ТТК 13, Куманово 2009 10 (-1);