Второлигашите одиграа 14 кола, а овој викенд на распоредот се натпреварите од колото број 15.
Она во кое се чини дека најголемо внимание предизвикува натпреварот помеѓу екиите на Ангели и на МКК Куманово.
Лидерската екипа во лигата (14 победи во серија) гостува во салата „Независна Македонија“ во Скопје, каде во сабота, од 15.30 часот, Ангели ќе се обидат да им го нанесат и првиот пораз на кумановци во регуларниот дел од сезоната.
Извесно, нема да им биде лесно, од причина што кумановските „сино-бели“, се екипа која, освен постоечкиот квалитет, и „должина на клупата“, има и најмалку осцилации во играта, што извесно за овој ранг на натпреварување е од голема важност.
Маџари, второпласираната екипа во овој момент, пак има многу полесна задача, да дојде до победа на гостински терен кај Куманово 2009, додека пак далеку повеќе работа ја чека екипата на Шкупи, која во сабота навечер (од 19.30 часот), му гостува на Мега баскет во Прилеп.
Колото (во сабота, од 14.часот) ќе го отворат екипите на МЗТ Скопје Уни Банка и Тетекс ТТК во големата сала на СЦ „Јане Сандански“.
Од 17.часот, во Штип ќе играат Соколи 1933 и Работнички 2018, додека последниот натпревар од овој круг е закажан за недела од 20.часот, во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ каде ќе се сретнат екипите на Водно Санс и на Борец баскет од Велес.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 15.КОЛО
17 ФЕВРУАРИ (САБОТА)
14.00: МЗТ Скопје Уни Банка – Тетекс ТТК
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ - Скопје
15.30: Ангели – МКК Куманово
Сала „Независна Македонија“ - Скопје
17.00: Соколи 1933 – Работнички
Сала „Јордан Мијалков“ – Штип
17.00: Куманово 2009 – Маџари
Сала „Перо Наков“ - Куманово
19.30: Мега баскет – Шкупи
Сала „Добре Јовановски“- Прилеп
18.ФЕВРУАРИ (НЕДЕЛА)
20.00: Водно Санс – Борец баскет
Мала сала „Борис Трајковски“ - Скопје
ТАБЕЛА: МКК Куманово 28, Маџари 26, Шкупи 25, Ангели 23, МЗТ Скопје Уни Банка 23, Борец баскет 20, Мега Баскет 19, Водно Санс 19, Работнички 2018 19, Соколи 1933 18 (-1), Тетекс ТТК 16, Куманово 2009 12 (-1);