08.03.2024

Меѓусебниот дуел закажан за недела од 18.часот, веројатно ќе биде решавачки за подобра стартна позиција во доигрувањето

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Битка за второто место, Маџари или Шкупи?

Наредното, 18. коло од Втората лига може да донесе многу појасна слика , особено околу изгледот на горнито дел од табелата. Се разбира, МКК Куманово е неприкосновен лидер, и извесно ќе биде бројот 1 пред почетокот на доигрувањето за местата кои водат во прволигашката конкуренција.

Но овој викенд би можело да биде симната уште една непозната, која екипа ќе биде на второто односно третото место пред почетокот на плеј-офот.

За тоа ќе одлучи, извесно, дуелот кој се игра во недела навечер, од 18.часот. Во салата „Зеф Љуш Марку“ во скопски Чаир, ќе играат екипите на Шкупи и на Маџари.

Гостите од Маџари имаат победа повеќе, а освен тоа беа подобри на првиот меч, кога на свој терен славеа со минимални (76:74).

Оттука секоја победа на Шкупи поголема од два поени, ги носи на втората позиција на табела, додека било која победа на гостите од Маџари носи потврда на местото на кое се во овој момент, и носи предност на играње на домашен терен во четвртфиналето и полуфиналето од плеј-офот за пополнување на Првата лига.  

Во Скопје, но во салата „Независна Македонија“, во сабота, од 17.шаот, ќе се игра уште еден важен натпревар за изгледот на табелата, овојпат за позицијата број 4, која исто така носи предност на играње на домашен паркет во првиот круг од разигрувањето. Кошаркарите на Ангели, кои се на скор (10-6) и ја држат позицијата бр 4, го дочекуваат составот на МЗТ Скопје (9-7). И извесно е дека победникот н овој натпревар ќе биде многу поблиску до тоа место на табелата во пресрет на најважниот дел од сезоната во Втората лига.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 18. КОЛО

9. МАРТ (САБОТА)

17.00: Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала „Независна Македонија“ - Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/V38khQ8Kah8?si=LYF089WEFaksT05k

10.МАРТ (НЕДЕЛА)

16.30: МКК Куманово – Мега баскет

Сала „Перо Наков“ – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/gEECZxYtUrY?si=B9CU480-beLX7m4b

18.00: Шкупи – Маџари

Сала „Зеф Љуш Марку“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ZbX-Q4DZH0g?si=cdyW5DabnAGVqoHA

19.00: Тетекс ТТК – Соколи 1933

Сала „Економско“ – Тетово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/9bYC0kvMpzo?si=XVfwol1kKCIPtHht

19.00: Работнички 2018 – Водно Санс

Сала на СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Wy0c_79Fl0k?si=uYRyTreRHz9b3auH

Борец баскет - слободен

ТАБЕЛА: МКК Куманово 32, Маџари 28, Шкупи 27, МЗТ Скопје Уни Банка 25, Ангели 26, Борец баскет 23, Соколи 1933 20, Мега Баскет 20, Водно Санс 20, Работнички 2018 18, Тетекс ТТК 16;