Екипите на Борец баскет, Ангели и на Соколи 1933 остануваат на делба на лидерската позиција и по девет одиграни кола во второлигашката конкуренција.
Драчевци беа убедливи на дуелот против екипата на Работнички 2018, во кој славеа со резултат (97:72), па сега тимот кој го предводи тренерот Игор Гацов има ефект (7-2).
Атанасов дојде до 23.поени, Стојанов, Ибраими и Чурлинов запишаа по 10 за победничката екипа. Во онаа поразената, Цветковски беше стрелец на 16.поени, Павловски даде 13, а Димковски уште 12.поени.
Слично издание прикажаа и кошаркарите на Борец баскет кои дојдоа до планирана победа во дуелот со конкурентот на на табелата струшки Црн Дрим со (87:73).
Одлична четврта четвртина одиграа домашните кошаркари во дерби дуелот на 9.коло, во која, парцијално направија (17-9), и ја потврдија победата.
Еден од најискусните на теренот, Штерјов, беше и најдобриот стрелец во домашниот состав. Реализираше 23.поени, по 15 постигнаа Петровиќ, Стојковиќ и Карталовиќ, додека 11. реализации додаде Бојчев.
Во екипата од Струга, блескаше уште еден млад играч, Камиловски, кој изброја 34.поени, додека по 13 имаа Здравковиќ и Шабани.
Најубедлив настап од екипите на врвот на табелата имаше онаа од Штип. Соколи 1933 со „плус 40“ ги испрати младите играчи на МЗТ Скопје Уни Банка за главниот град, победи со (93:53).
Костадинов реализираше 30 поени за екипата од Штип, Шајкаров имаше 10, кај гостите, Ангеловски даде 16, а Масевски уште 11.поени.
Мaџари ја доби локалната пресметка против екипата на Бутел, победи со (79:73), доволно да држи приклучок со водечките екипи на табелата.
Димитровски, кој е нов играч на екипата од Маџари, постигна 15.поени, Митков имаше 13, а Тодоровски и Нацевски реализираа по 12.поени.
Најголем број на поени за гостите од Бутел реализираше Хот, кој дојде до бројката 19, Цариќ, додаде 18, Мартиновски 11, а Киров 10.поени.
А се подобри игри прикажува екипата на Охрид, која во овој деветти круг од натпреварите беше подобра од прилепски мега баскет, победувајќи со сигурни (76:66).
Атанасов имаше свој ден, во кој на противникот му испорача дури 35.поени. Х. Стојановски го следеше со 13, а Н. Стојановски имаше уште 10.поени. Во гостинската екипа, Јаневски стрелаше за 28.поени, додека Велески имаше 13.
А во последниот меч од овој круг на натпреварите, прва победа за екипата на Академија ФМП. Пред своите гледачи во Струмица совладана е младиот тим на Партизан Водно Санс со резултат (78:76).
Исајлоски имаше 14.поени, Милески 11, а Панов реализираше уште десет за екипата од Струмица. Кај Партизан Водно Санс, Башоски беше стрелец на 25.поени, Митев уфрли 18.поени, Трипуновски 13, а Бутемер имаше 10.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 9.КОЛО
Охрид – Мега баскет 76:66
Ангели – Работнички 2018 97:72
Маџари – Бутел 79:73
Борец баскет – Црн Дрим 87:73
Соколи 1933 – МЗТ Скопје Уни Банка 93:53
Академија ФМП – Партизан Водно Санс 78:76
ТАБЕЛА: Ангели 16, Соколи 1933 16, Борец баскет 16, Маџари 15, Црн Дрим 15, Охрид 14, Мега баскет 14, Бутел 13, МЗТ Скопје Уни Банка 13, Работнички 2018 10, Партизан Водно Санс 9 (-1), Академија ФМП 8 (-1);
ИДНО КОЛО (14.12)
Мега баскет – Маџари
Работнички 2018 – Академија ФМП
Борец баскет – ГКК Охрид
Црн Дрим – МЗТ Скопје Уни Банка
Партизан Водно Санс – Соколи 1933
Бутел - Ангели