29.04.2021

Во решавачкиот дуел, чаирчани беа подобри од Борец Баскет (96:71)

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Чаир 2030 е третиот полуфиналист во плеј-офот

Најдобрата екипа во регуларниот дел од сезоната во Втората лига, екипата на Чаир 2030 е третата која обезбеди место во полуфиналето од плеј-офот.

Чаирчани ја искористија предноста на домашниот терен, и во третиот решавачки натпревар го совладаа велешки Борец Баскет. И тоа убедливо со резултат (96:71), доволно за да ја затворат серијата со конечни (2-1).

Со тоа им се приклучија на екипите на Феникс 2010 и на Ангели кои во два меча беа подобри од Хераклеа, односно Тетекс ТТК.

Последниот учесник во полуфиналето ќе го даде серијата во која во овој момент, екипата на Партизан Водно Санс има предност од (1-0) против Шкупи.

Вториот меч од ова четвртфинале ќе се игра утре вечер, од 18.часот. Во полуфиналето, Чаир 2030 ќе игра против Ангели, додека пак екипата на Феникс 2010 го очекува подобриот од серијата меѓу Партизан Водно Санс и Шкупи.