25.03.2021

Баскет КАМ пак стигна до значајна победа на гости против Куманово

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: Чаирчани ја поминаа и Хераклеа, за потврда на „единицата“ на Западот

Во паузата помеѓу две првенствени кола, се одиграа и неколку одложени натпревари од Втората лига, кои дополнително носат и појасна слика на изгледот на табелите во двете второлигашки групи.

Голема победа остварија кошаркарите на Чаир 2030 на гостувањето во Битола каде во дуелот со еден од конкурентите за највисок пласман, Хераклеа, славеа со резултат (86:62).

По 15.одиграни кола, и скор (14-1) екипата од Чаир е недостижна за пратителите, како Тетекс ТТК (10-5), ГКК Охрид (10-4), Хераклеа (9-5) и Партизан Водно Санс (12-4) кој има три неодиграни натпревари.

На „Истокот“, Ангели им се вратија на победите. Реализираа планиран триумф над Про Баскет во Кавадарци со огромна разлика (129:56), со кој се израмнија со Феникс 2010 на првото место на табелата. Со идентичен ефект (13-2), но подобар кош-количник во овој момент.

Многу важна гостинска победа реализираа и кошаркарите на Баскет КАМ. Против Куманово беа подобри за три поени (72:69), за скор од девет победи и пет порази, колку што има и екипата на Борец Баскет, со која ја делат позицијата 4 во оваа група.

Со два натпревари помалку, и ефект (10-3), екипата на Шкупи е на третата позиција на табелата во пресрет на последните три кола.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

ЗАОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ

ИСТОК

Про Баскет – Ангели        56:129

МКК Куманово – Баскет КАМ   69:72

ЗАПАД

Хераклеа – Чаир 2030    82:86

Риниа – Мега Баскет       89:80