Екипата на Ангели се стекна со голем, со огромен капитал по одигрувањето на првиот натпревар од плеј-офот во Втората лига преку кој ќе се одредат двата нови учесници во Првата лига-мажи за сезоната 2021/2022.
Како гости, во салата „Шабан Трстена“ во Чаир, беа подобри од екипата на Чаир 2030. Славеа со голем пресврт направен во второто полувреме (80:75).
Кошаркарите на Горан Ѓорѓиевски успеаја да ја надополнат високата негатива од првото полувреме кое изнесуваше и 19 (27:46), а на полувремето 11.поени (35:46).
Со многу подобра игра, пред се во одбраната, „зелено-белите“ стигнаа до посакуваната цел. Па сега се на само една победа пред најголемиот успех на овој клуб, пласманот во елитната дивизија на македонската кошарка.
ВТОРА ЛИГА-МАЖИ
ПОЛУФИНАЛЕ-ПЛЕЈ-ОФ
РЕЗУЛТАТИ - 1.НАТПРЕВАР
Чаир 2030 - Ангели 75:80 (0-1)
Феникс 2010 - Партизан Водно Санс 110:69 (1-0)